Громови од ведро небо

Гром удри во црквата Св.Петар, изградена во чест на првиот римски Папа и тоа токму на денот и само неколку часа по објавата на спектакуларната вест која го обиколи светот, сегашниот Папа Бенедикт 16 си дава оставка?
Image
Воопшто не би коментирал дали е ова `чудо`, или не. Им го оставам тоа на интелектуалните кепеци, само следува аналогното и логично прашање од овој несекојдневен настан.

Ако овој нашиов Папа реши да резигнира, со што ли ќе гаѓа Господ по нас, со подуени жаби можеби? Зарем во оваа жабокречина од држава зарем ги немаме во изобилие?

Александар Самарџиев

Убиен е Македонец во Солун! Претепаниот Самарџиев им подлегнал на повредите. Само затоа што одбивал да си го смени името бил цел на напади и малтретирање од страна на фашистичката Нова Зора. Да се има легитимно регистрирана фашистичка партија како АТАКА во Бугарија, или оваа во Грција е одраз на зрелоста на секоја демократија и повеќеслојноста на општествената надградба. Европски вредности.

Кога неправдата станува Закон, отпорот станува Должност!
Да се случеше нешто такво во Македонија нашата амбасада во Атина ке беше во пламен досега, а од Брисел ќе долеташе некој си таму Фуле да ни дроби сол над главите. Ама не, Грција е лулката на денешната европската цивилизација! Можеби и затоа е до тој степен трула вавилонската ороспија, ЕУропата де.
Единствената вина на младиот Александар, воедно и причина за неговата смрт е фактот што бил Македонец.

Блогериште со сукња

Не знам од кога ми е идеата да напишам пост за неа, сигурно има повеќе од година дена. Па денес, чистејќи спам по ова блогов пронајдов еден свој необјавен пост за Ведрана Рудан и ме потсети дека е време да напишам нешто за неа. Пофално се разбира.
Кај нас, не да нема блогер од нејзин калибар, нема ни новинар или интернет портал споредлив со неа и нејзиниот стил. А се намножија еден куп, екс-новинари или поранешни блогери сега отвараат портали на нетов и дробат, ама што? Помија на ангро е сета понуда на интернет просторот во Македонија!
Па така, некогаш со часови не можам да прочитам интелегентна реченица овде, на твитер или на десетиците скоро отворени сајтови. Шунд и плагијаторство, подлизурковци и папагалисимуси на секој чекор. Тоа е македонскиот интернет простор.

nullnull

Не е само Ведрана, на екс-ју просторот има неколку доста добри блогови, ама таа е убедливо највијателна, најоригинална и најчитана. Со право.
“Zašto je dim iznad Auschwitza vječni dim, a dim iznad Gaze pičkin dim?“ Со аваа реченица таа се прослави и го привлече вниманието на себе, па дури и на паноа покрај автопатот некој ја ставил нејзината максима.
Или пак, околу приемот на Хрватска во ЕУропата еве го нејзиниот благослов – “Kako bilo, dragi ljudi, kurva Hrvatska ući će u evropski bordel bez moga blagoslova“.
Убаво ја испердаши и самата Анџелина факинг Џоли пред некое време, кога истата го промовираше филмот за Босна. Постот “U Zemlji Krvi I Idiota“ има повеќе од илјада коментари, со денови ја брануваше сета јавност, не само во Хрватска, Босна и Србија. Имаше доста реакции и од кај нас под него.
Ај некој нека напише пост со наслов “Nedostaje mi Hitler“ и да остане жив. Тоа деновиве го може и смее само таа, а кај нас и те како фалат плукачи и врначи од нејзин калибар, овде на блогерај па и пошироко.

Вo светот на возрасните

Во светот на возрасните не е ништо така као што изгледа на прв поглед. А посебно не во светот на политиката и дипломатијата. Ништо не треба да се земе здраво за готово, знам!

Ама синоќешните изјави на Генералниот Секретар Бан Ки Мун дадени во Охрид ме оодзамислија малку, признавам. Иако допрва се очекува реакцијата на грчката страна, таа ќе биде жестока повеќе од сигурно, за да после на сите ни биде појасно што ни порача Мун. А тој најконцизно го рече одприлика следното: “Кога се работи за универзални права и принципи Обединетите нации никогаш не прават компромиси!“
Па што потпиша дедо Киро фиромски во ООН, беше ли тоа меѓународен договор под покровителство на таа највисока меѓудржавна институција, или нешто друго? Ако тоа не е компромис со кој му се удоволува на проблемот кои го имаат Грците со нашето име, тогаш што е? Со тој договор проблемот требаше да се надмине за неколку месеци, а ете го и денес, после седумнаесет години тој е тука и ни виси над глава. Токму недоследноста, превртливоста и дволичноста на меѓународниот фактор беа тие кои погазија и на најосновните принципи за универзалните човекови права. Правото на идентитетско самоопределување и културен интегритет е едно од основните човекови права, а токму тоа и беше прекршено над нас.

Шопинг во Солун

Ова Фиромциве се некоја чудна сорта. кога пред шеесет и кусур години ги молевме, ги убедувавме дека треба да се оди накај Солун никако не сакаа да ја извадат главата од чмарот и да размислат.
null
А сега, не може никој да ги сопре во намерата да се оди на шопинг таму по секоја цена. Дури и како сегрегирана раса од понизок ред. По цена на понижување и омаловажување од страна на овие јужните тргнале накај Солун, повторно без јасен правец.

За мајмуноликите дарвинисти

Во што е разликата помеќу човеколиките мајмуни и мајмуноликите дарвинисти?
Па и нема некоја суштинска разлика, освен што овие првите се далеку посмешни за пред циркуската публика.

null

 “-Теоријата на еволуција е научна теорија создадена во 19 век, но науката секојдневно ја опширува и подобрува таа теорија!!!“

Ова е главната премиса на теоријата на Дарвин, ама некои си ја разбрале како посебен вид на дарвинистички аутизам, за кој не важи критиката и научниот скептицизам. Нишајте го возот, колку да помислат патниците дека се движи!
Пред 2500 години имаше теорија дека планетата Земја е центар на униврзумот, а пред 500 години една друга теорија тврдеше дека таа е равна плоча и ја носат три китови, ама тоа се само теории,а оваа дарвиновата е нешто друго? Таа воспоставила некаков апсолут на верување и се зема здраво за готово и за неа не важи научниот критицизам? Нишајте го возот!
И после два века од постоењето на дарвиновата теорија сеуште никој не успеал да ги пополни две `мали` дупки, сеуште тапкаат во место мајмуноликите. Зарем?
И после сите научни достигнувања во овие два века во развојот на базичните науки, хемијата, физиката… После невидениот развој на технологијата на материјалите и нивната примена сеуште мајмуноликите дарвинисти немаат одговор на двете најсуштински прашања кои таа теорија ги поставува? Нишајте го возот!
Прво, како досега никој не успеал да ја синтетизира таа првобитна амеба од која потекнува целокупниот живот на планетата, или малку се двеста години? Не успеале да створат по вештачки пат никаков, макар и најпрост вирус или бактерија во лабораториски услови и покрај сите достигнувања во генетиката и микрихирургијата? Нишајте го возот!
Второ, она што човекот го одделува од останатите животни е неговата свест и интелегенција. Барем во ова се согласни сите, па и најтврдокорните дарвинисти тоа го признаваат, ама ете се намериле да докажат дека таа дошла спонтано и сама кај одредена група примати и покушаваат да го докажат тоа експериментирајки со човеколиките мајмуниии кои денес постојат. Иако веќе и по неколку генерации скоро сите шимпанзи и лемани живеат под строг родителски надзор на нивните најблиски роднини, мајмуноликите дарвинисти, никој од нив не пренел дел од знаењето на своето потомство што би бил доказ дека менување на ареалите, еден од основните принципи на Дарвин важи. Нишајте го возот!
А се` дотогаш, теоријата на Дарвин останува само уште една патетична теорија и ништо повеќе од тоа.

Чудото Божје

Иако секојдневно сме сведоци на Божјите чуда, деновиве многумина како да се изненадија од најновите случувања во Црквата Св. Димитрија во Скопје. Се десило `чудо` и се самоисчистиле иконите и фреските во црквата?! Таа се претвора во македонско православно Меџугорје?

null

Само што за жал тоа не е воопшто `чудо`, за православните верниците тоа не е никакво чудо, бидејки за Бога нема невозможни нешта. Но, за неверниците и неуките терминот чудо е најблизок до објаснувањето на случувањата. Верниците добро знаат дека Бог е семоќен творец на се` околу нас, а негово најголемо `чудо` е животот. Негово дело сме сите ние, а нашата свест `за себе` не одвојува од останатите живи суштества околу нас. Ама и таа е Божје дело.
Она што ни се случува деновиве може да се толкува како порака од Бога испратена до верниците, ама не и како чудо. Гласот божји секогаш наоѓа пат до тие кои се со отворено срце и сакаат да ги слушнат неговите пораки или зборови. Било да се испратени до некој конкратен човек, или пак до некоја човечка творба, каква што е и црквата Св Димитрија во Скопје, пораките од Него секогаш допираат до човечкиот ум. Било да се пратени на сон или јаве.

Јаше Трендо на чело колоне!

А по него каска и албиното Русјаков на бела кобила.
Е зошто токму овие двајца биле најекспонирани за време на маршот? На Ана Јовковска кој и наложил да кани марширачи?
Кој му дозволи на Ѓорчев да дојде на марш придружуван од керкичката? Како само се осмелиле Латас и Јанко бурекџијата да го подржат маршот?
А капак на се беше појавата на Хорхе, сомнително е сето ова. Па уште еден куп граѓани побрзаа да се сликаат со него. Ептен сомнително.

null

Кој стои зад маршот, пак некоја ујдурма на Грујо ли е ова? Заедно маршираат насилниците и жртвите, не дека овие првите ќе се сменеле, ами овие вторите не знат кај тераат и го изгубиле правецот. Оди сега разбери го сето ова. Кој кого силува во случајот?
Маршот се претвори во тема за препукување деновиве. Сите си ги мерат… суетите. А јас и понатака си останувам доследен, марш у пизду материну на сите!

Марш

Утре ќе маршираме за мир?!
Против национализмот во Македонија, против насилството, против… кој знае што уште не.
Против Македонија!

Ние ќе маршираме а Албанците ќе си роварат и понатака, ние ќе го бараме кривецот во нашите редови, а тие ќе си ќутат и ќе си тераат по свое. Ниту еден албански интелектуалец не излезе со осуда за насилствата во нивните редови, никој не се јави со намера да бара виновник на албанска страна. А еден куп македончина деновиве предлагаат да маршираме?! Истите тие кои карневалот во Вевчани сакаат да се цензурира, тамошните скечеви биле иницијалната каписла за немирите, за палење на македонското знаме, за палењето на Цркви, за насилствата и дивеењето на албанските орди насекаде низ Македонија. Карневалот да се цензурира? Демократи со префикс цензура, македончина.
Јас предлагам да маршираме за Албанците да си ја остварат зацртаната агенда`СИТЕ АЛБАНЦИ ВО ЕДНА ДРЖАВА!` Тоа им е вистинската цел, па да им помогнеме во намерата, сите да си бидат во една држава. А колку и каква ќе биде таа држава ќе се одлучува накнадно, после војната.
Затоа што не ни кријат повеќе што сакаат, откако веќе еднаш им појде од рака целиот свет да го свртат на нивна страна, можеби ќе успеат и по вторпат, кој знае.

Среќен 8ми март!

Убав гест на Бранко од пред некој ден во Битола на плоштадот Магнолија! Ги собра жените од својата партија од сите краеви и градови на Македонија за да им го честита празникот 8ми март. Порано додуше, ама со оглед на бројноста, навистина не може да престигне човекот, оправдано е. :mrgreen:

Дел од говорот на нашиот и ваш Држалник:

– Ова што ние денес го правиме, еден ден ќе биде историја. Генерациите што доаѓаат ќе го дадат својот суд за оваа денешна Македонија и за нашиот придонес во неа. Дали и тие генерации ќе се гордеат со овој денешен дел од нашата историја, дали ќе бидат благодарни или ќе нè осудуваат, времето ќе покаже!

Овој бе пак ќе ја спасува Македонија, од нас Македонците?! 😈