Monthly Archives: Март 2012

Јаше Трендо на чело колоне!

А по него каска и албиното Русјаков на бела кобила.
Е зошто токму овие двајца биле најекспонирани за време на маршот? На Ана Јовковска кој и наложил да кани марширачи?
Кој му дозволи на Ѓорчев да дојде на марш придружуван од керкичката? Како само се осмелиле Латас и Јанко бурекџијата да го подржат маршот?
А капак на се беше појавата на Хорхе, сомнително е сето ова. Па уште еден куп граѓани побрзаа да се сликаат со него. Ептен сомнително.

null

Кој стои зад маршот, пак некоја ујдурма на Грујо ли е ова? Заедно маршираат насилниците и жртвите, не дека овие првите ќе се сменеле, ами овие вторите не знат кај тераат и го изгубиле правецот. Оди сега разбери го сето ова. Кој кого силува во случајот?
Маршот се претвори во тема за препукување деновиве. Сите си ги мерат… суетите. А јас и понатака си останувам доследен, марш у пизду материну на сите!

Марш

Утре ќе маршираме за мир?!
Против национализмот во Македонија, против насилството, против… кој знае што уште не.
Против Македонија!

Ние ќе маршираме а Албанците ќе си роварат и понатака, ние ќе го бараме кривецот во нашите редови, а тие ќе си ќутат и ќе си тераат по свое. Ниту еден албански интелектуалец не излезе со осуда за насилствата во нивните редови, никој не се јави со намера да бара виновник на албанска страна. А еден куп македончина деновиве предлагаат да маршираме?! Истите тие кои карневалот во Вевчани сакаат да се цензурира, тамошните скечеви биле иницијалната каписла за немирите, за палење на македонското знаме, за палењето на Цркви, за насилствата и дивеењето на албанските орди насекаде низ Македонија. Карневалот да се цензурира? Демократи со префикс цензура, македончина.
Јас предлагам да маршираме за Албанците да си ја остварат зацртаната агенда`СИТЕ АЛБАНЦИ ВО ЕДНА ДРЖАВА!` Тоа им е вистинската цел, па да им помогнеме во намерата, сите да си бидат во една држава. А колку и каква ќе биде таа држава ќе се одлучува накнадно, после војната.
Затоа што не ни кријат повеќе што сакаат, откако веќе еднаш им појде од рака целиот свет да го свртат на нивна страна, можеби ќе успеат и по вторпат, кој знае.

Среќен 8ми март!

Убав гест на Бранко од пред некој ден во Битола на плоштадот Магнолија! Ги собра жените од својата партија од сите краеви и градови на Македонија за да им го честита празникот 8ми март. Порано додуше, ама со оглед на бројноста, навистина не може да престигне човекот, оправдано е. :mrgreen:

Дел од говорот на нашиот и ваш Држалник:

– Ова што ние денес го правиме, еден ден ќе биде историја. Генерациите што доаѓаат ќе го дадат својот суд за оваа денешна Македонија и за нашиот придонес во неа. Дали и тие генерации ќе се гордеат со овој денешен дел од нашата историја, дали ќе бидат благодарни или ќе нè осудуваат, времето ќе покаже!

Овој бе пак ќе ја спасува Македонија, од нас Македонците?! 😈